Skip to main content

Ги поставивме темелите, доаѓа времето на Македонија! – премиерот со порака до граѓаните

Премиерот Христијан Мицкоски сподели видео на социјалните мрежи упатувајќи порака дека доаѓа времето на Македонија.

Колку долго може човек да чека? Седум години во кои тишината стануваше правило, а неправдата навика, во кои вистината беше затворена, а гласот на народот пригушен.

И не оставија со единствен избор: или да се откажеме, или да почнеме одново.

Не почнавме од нула. Почнавме од минус.

Од темелите што не беа темели, туку пепел и прав.

И пак, решивме: ќе почнеме.

Ќе градиме. Ќе веруваме. Ќе се исправиме.

Ги поставивме темелите.

Темелите на една поинаква Македонија.

Не Македонија од памфлети, туку Македонија на срце.

Година на враќање – на достоинството, на правдата, на грижата.

Година што ќе ја паметиме – како првата, кога почна новото време.

Македонија не е мит.

Македонија не е ветување.

Македонија е реалност што ја градиме.

Сега. Со тебе. Со нас. За сите.

Доаѓа Времето на Македонија.

Ги градиме темелите на промените“ – пишува во описот на видеото кое го објави премиерот.

Поврзани вести