
Актуелниот градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски од СДСМ, вечерва прогласи победа и преземање втор мандат, откако го победи противкандидатот Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ. Победата, како што истакна Герасимовски, е резултат на четиригодишна посветена работа и континуирана комуникација со граѓаните.
– Денеска победи прогресивното, слободното, модерното, чесното работење на фер демократски и слободни избори. Да те изберат двапати за мене е најголема чест, а воедно и огромна обврска. Победивме зошто работевме 4 години, а не само 30 дена. Комунициравме со граѓаните, обединувавме, имавме јасен пат и се водевме од принципи, а не од дневни политики – рече Герасимовски.

                        
Македонски






