Skip to main content

Гаши демантира дека ќе ја напушти Вреди: Ниту сум ја предал оваа кауза, ниту некогаш би го сторил тоа

Facebook: Afrim Gashi

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, категорично ги демантираше гласините дека би можел да ја напушти коалицијата Вреди. Тој ги оцени како „злонамерни фабрикации“. Според него, целта на ваквите гласини е да се внесе раздор во коалицијата. Особено сега, пред претстојните локални избори.


„Ниту сум ја предал оваа кауза, ниту некогаш би го сторил тоа. Тоа е надвор од мојот политички и морален кодекс – рече Гаши.

Тој додаде дека во неговата партија Алтернатива има силна поддршка. Поддршката е за продолжување на заедничкиот пат со партнерите од Вреди.

Реакцијата на Гаши доаѓа откако во последниот период се појавија информации во медиумите дека дел од членовите на коалицијата, меѓу кои и Гаши, размислуваат за самостоен настап.

Тој денеска нагласи дека коалицијата веќе започнала со интензивни подготовки за претстојните локални избори. Изрази убеденост дека ќе успеат да победат и да го освојат мнозинството од општините со албанско население

„Верувам дека граѓаните препознаваат кој досега навистина се борел за нивните интереси. И кој покажал храброст и визија. Затоа очекувам победа во повеќето општини,“ рече Гаши.

На крајот, тој апелираше да престанат шпекулациите и побара фокусот да се врати на вистинските проблеми на граѓаните.

Поврзани вести