Skip to main content

Фондот за иновации ќе се расформира, давале пари за рецепти за пица

Mинистерот Стефан Андоновски изјави за Канал 5 дека неисполнувањето на договорените услови станало пракса во фондот за иновации:

„Парите се исплаќаат, а проектите никогаш не се реализираат според договореното. И покрај ревизорските препораки да не се исплатуваат средства, директорите одлучувале спротивно и ги исплатувале целосно.“

Откриена сериозна злоупотреба на Фондот за иновации: Партиски послушници добивале средства за непостоечки апликации и рецепти за пица – враќање на средствата и покренување на кривичен прогон, вели министерот Андоновски.

Министерот најави дека поради изгубената доверба од јавноста и бројните скандали, Фондот за иновации ќе се расформира до крајот на годината.

Поврзани вести