Skip to main content

Филипче: Техничката влада мора да остане

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната партиска прес-конференција потенцираше дека техничката влада мора да остане.

Техничката влада мора да остане, затоа што власта узурпираше сè. Ги стави канџите во правосудството, презема целосна контрола врз обвинителството, носи измени на кривичниот законик спротивно од препораките на Европската Унија, тоа го прави за заштита на криминалот на власта“, вели Филипче.

Тој потенцира дека со ваквите чекори се загрозуваат демократијата и професионализмот во институциите.

Власта донесе Резолуција за укинување на слободата на говор на опозицијата, со тоа ја загуши дополнителна демократијата и донесе Закон за полиција за целосна партизација и за бркање на професионалците“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека поради ваквата состојба нема услови за разговори за техничката влада.

Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат сè и да се спасат себеси нема седнување на маса за техничката влада, има само одговорност“, рече Филипче.

Поврзани вести