Skip to main content

Филипче најави протест против мигрантите

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави денес протести во Македонија ако власта не излезе транспарентно со податоци околу договорот што го има со велика Британија и кој, според британските медиуми, опфаќа и испраќање одбиени азиланти, т.е. мигранти. Филипче оцени дека Владата фрла магла и лажно го негира договорот за кон имале потврда и од свои извори во Велика Британија.

Повеќе од очигледно е дека договор за мигрантите има. Владата мора да го потпише за да дојде кредитот од шест милијарди евра“, рече Филипче. Тој оцени дека власта го преоптоварила буџетот, дека нема пари и дека веќе има една милијарда евра дупка поради што се вклучува во вакци сценарија, како тие на српскиот претседател Александар Вучиќ со литиумот што покрена големи протести во Србија.

„Власта планира и подготвува предвремени избори напролет. Затоа мигрантите се договорени а парите треба да дојдат тогаш, рече Филипче оценувајќи дека Мицкоски сака да добие втор мандат.

„Нема да има шатори за мигрантите и кампови, но ќе има социјални станови. Сите релевантни британски медиуми објавија дека ќе им се обезбедува сместување, работни дозволи и социјално осигурување, што е еден чекор до давање пасоши“, рече Филипче. Дали земја која не може да исплати плати може да се справи со мигранти? – беше неговото прашање.

Поврзани вести