
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва најави кадровски промени во партијата и го истакна задоволството дека ВМРО-ДПМНЕ изгуби голем број на гласови во однос на парламентарните избори.
Победивме во Центар, Македонска Каменица и Зрновци, очекуваме конечни резултати уште во неколку општини каде разликата е во мал број гласови.
Јасно е дека треба кадровски промени, следните денови ќе има седница на Извршниот одбор и организација на Конгрес во следниот период, порача Филипче.
Тој додаде дека нема да си поднесе оставка затоа што е краток период на чело на партијата.

Македонски






