
Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, смета претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
– ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а имаат бугарски пасоши, тоа е квазипатриотизам и лицемерие. Единствена гаранција за Македонија е АСНОМ-ската идеја за заедништво и праведност. Македонија не смее да биде изолирана , мораме да останеме дел од светот кој се движи напред, дел од НАТО и да станеме дел од ЕУ. Ние таму припаѓаме, меѓу развиените земји – коментира Филипче.
Тој самоуверен дека само СДСМ може да гарантира европска иднина.
СДСМ е единствениот гарант за европската иднина, ние не се плашиме од реформи, од европски обвинители, а тие кои денес владеат и тоа како имаат. Затоа ќе прават се, ќе се кријат зад лажен патриотизам за да избегнат одговорност, потенцира Филипче.