
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ги повика гласачите наклонети на оваа партија да гласаат по свое убедување и според вредностите за кои се залагаат, јасно нагласувајќи дека нема намера да навлегува во никакви констелации и заткулисни договори околу вториот круг на изборите.
-Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и до социјалдемократските вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој, рече Филипче.
Тој фотографијата на кандидатката за градоначалник за Карпош, Маја Мојсова, со Сотир Лукровски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја препиша на „политичко неискуство“, најавувајќи дека денес ќе има средба со неа, иако таа веќе се огради преку социјалните мрежи од можноста да му дава поддршка нему против Стевчо Јакимовски, опозициски кандидат.

Македонски







