Skip to main content
ajCzi86WE5M

Филипче дали ова се лажни наслови? Журка во Дубаи со Харис Џиновиќ, на јахта со Заев во Грција, мотори среде корона во Македонија, лажна вакцина на внуката …

Филипче денеска ги обвини медиумите за фабрикување лажни вести и за т.н токсични насловиНовиот главен уредник на сите медиуми изброја дури илјада наслови кои според него не се точни, меѓу нив и неколку на „Република“. Ајде да бидеме вистински уредници, а не уредник од Тему каков што сака да биде Филипче и да провериме дали тоа е така. „Факт чекери“ какви што љуби Венко.

Потпретседателот на СДСМ од јахтата на Заев смета дека техничката влада треба да остане. Се мисли на новиот потпретседател Александар Трајановски кој беше фотографиран на јахта во Грција заедно со Заев и со „уредникот“ Венко. Што имаше невистина во оваа вест.

Филипче денеска коментираше и на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. На уредникот Венко не му се допаѓа насловот „Филипче може да победи само на избори за куќен совет во зградата на Заев во Дубаи“.

Филипче досега нема победено на ниту едни избори. Еве загуби и на последните во Маврово и Ростуште. Уствари има победено, на изборите за претседател на СДСМ ама таму се бореше сам против себе. Борбата беше тешка ама на крајот Венко имаше повеќе гласови од Филипче.

Се сеќавате на славното Хев а њу јиар на Заев“ од Солун. Венко и на ова има забелешки дека е лажна вест.

Одиме понатаму.  Дали беле лажна вест кога Заев ги фотографираше Зоран Заев и Харис Џиновиќ на онаа славна „теревенка“ во Дубаи. Или тоа беше монтажа.

Се сеќавате на времето во короната кога Венко беше главна ѕвезда. Имаше и стикери со неговиот лик. Е тогаш Венко излажа дека ја вакцинираше неговaта внука Илина со МРП вакцина. Е дотаму одеше.

Сигурно се сеќавате кога Зоки и Венко беа главни моторџии вo Maкeдонија за време на короната. И овој наслов кој сигурно е лага.

Лага ли беше сведочењето на Бојан Јовановски дека „Венко е љубител на пари“,  и оти на времето биле многу блиски што дури доаѓал во домот на Боки.

Дека Боки ја зборува вистина говори и фотографијата во неговиот дом каде Венко е навален опуштено на фотелјата како кај некој близок.

Можеме да набројуваме уште многу, но ќе го оставиме нашиот нов уредник да ни посвети уште еден прес. Ќе бидеме почестени.

Поврзани вести