Skip to main content

Едногласно донесен буџетот за 2026 година на Општина Карбинци

Советот на Општина Карбинци едногласно со девет гласа „за“ и ниту еден „против“ го усвоија  најголемиот општински буџет  со вкупни 165.495.098 денари, информираше денеска градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов.

Тој истакна дека донесен е буџет во кој 73 проценти од основниот се во капитални инвестиции, проекти.

Со овој буџет не очекуваат повеќе инвестиции за улици, игралишта, паркови, училишта и градинка. Повеќе пари за спорт и култура, како и еднократни парични средства директно кон граѓаните, вели Паунов.

На денешната прес-конференција Паунов рече дека со реконструкцијата на главна улица во селото Долни Балван во должина од половина километар завршува  реализацијата и изградбата на приоритетните инфраструктурни проекти за 2025 година.

Важно во овој сегмент е дека оваа проект се реализира благодарение на општествено-одговорни компании, кои имаат за цел да работат овде. Заеднички со нив го реалзираме овој проект, вели Паунов.

Изминатиот период се работеше и на влез во село Таринци, реконструкција на повеќе улички во речиси сите населени места, завршување на патот од село Долни Балван до село Таринци.

Поврзани вести