Skip to main content

Еден од повредените во „Пулс“ е во тешка состојба, вкупно 12 се уште се во болница

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски обелодени дека уште 12 повредени во „Пулс“ и натаму се лекуваат во болница, а седум од нив се во странство. Од повредените кои се во болници, еден е во тешка состојба.

На преврски и слични третмани имаме 38 повредени, четворица во ‘8 септември’, 26 се во ‘св. Наум Охридски’. Пет се во Кочани и тројца се во Систина. На физичална терапија се 46 лица, од кои, сите се во Кочани, можно е едно лице да е во ‘8 септември’. Третманот со ПРТ (плазма со тромбоцити или без тромбоцити) се прави кај 16 повредени и тој е супериорен третман за намалување на лузните од изгорениците. Ги повикувам сите повредени кои имаат дилема, страв, да се обратат во ‘св. Наум Охридски’ или во Клиниката за пластичка хирургија – рече директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

Тој рече дека пациент со тешки изгореници, по еден месец имал значително подобрување на состојбата со третманот со плазма.

Поврзани вести