
Координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, ја поврза иднината на Беса во Владата на Христијан Мицкоски со таа на коалицијата.
– Движењето Беса може да ја напушти Владата само кога Влен ќе ја напушти Владата – изјави тој во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.
– Не само ако излезе Беса ќе излезе Влен, туку секоја одлука на Беса е одлука на Влен. Беса е Влен, а Влен е Беса. И уште малку, затоа што се надевам дека нема да има ниту Беса, ниту Демократско движење, ниту Алијанса за Албанците, ниту Алтернатива, туку ќе има само Влен. И Билал Касами ќе зборува и зборува во име на Влен, како што зборуваат Изет Меџити, Беким Сали, Арбен Фетаи и Беким Ќоку – како Влен – рече Беким Ќоку.
Појаснувањето од Ќоку доаѓа по „искрите“ меѓу Мицкоски и Билал Касами околу министерот Фатмир Лимани од Беса, за кој премиерот изјави дека е задоволен од тоа како тој ја извршува функцијата.

Македонски



