
Со жалење и сериозна загриженост го констатираме преседанот што се случи оваа година — по првпат, институциите на државата, вклучително Претседателот, Премиерот и Министерот за надворешни работи, не упатија официјална јавна честитка по повод Денот на независноста на Република Косово. Овој чин не само што е дипломатски превид, туку и директен сигнал кој го поткопува духот на добрососедство и регионална соработка, реагира ДУИ.
Истовремено, со сите државни почести, беше пречекан Милорад Додик — политичка фигура позната по своите деструктивни ставови кон евроатлантските процеси и принципите на регионалната стабилност.
Оваа очигледна диспропорција во односот кон соседите испраќа загрижувачка порака за насоката на нашата држава.
Таквото однесување е резултат на растечкото влијание на концептот на „Српскиот свет“ во Македонија — проект кој претставува закана за суверенитетот, европската перспектива и стратешките интереси на државата.
Промовирањето на оваа идеологија на сметка на пријателските односи со Косово е недозволиво и штетно.