Skip to main content
VZKo_6jPTc0

Дубаи наше „лепше од Париза“

foto collage

Македонија е зрела за нова институција наречена комисија за проверка на антикорупциската комисија. Зошто да не. Од сите комисии, агенции, тела кои не служат за ништо освен за вработување на партиски војници зошто да не се формира и една комисија која ќе пази антикорупционерите да не направат корупција, e коментарот во најновата ТВ Колумна „5 минути со Чавез“.

принтскрин

Кога сите помисливме дека не може да ни се случи нова Катица Јанева, ете можело. Новата Катица Јанева се вика Татјана Димитровска. Кога ќе ги загледаш и личат една на друга, само што оваа е малку помлада. Ставот им е ист, наивен, човек да помисли дека не би украле мастика од продавница. А тие двете, промуќурени, за све ги бивало. Првата Катица опуштено со Боки си збореше за се и сешто и оговараше како на селска чешма, а оваа на Ватсап и Вибер оддавала службена тајна и тоа од нејзниот мобилен телефон. Бери им го паметот. Толку ли се глупи или наивни, тоа му доаѓа исто.

Уште пострашно е што новата Катица оддвала службена тајна за случајот „Адитив“ поради кој сите дишевме отров. Нели дише и таа од истиот воздух или и е гајле. Oд тој загаден воздух се наполни Онкологија. И за таму имаше Комисија, знаеме како заврши, бетер од оваа за корупција.

Татјана беше избрана за прв човек на антикорупциската комисија со највисоки оценки

И како што е редот за сите неизивеани и искомпексирани прво што Тањче побара беше службено возило и дипломатски пасош. Значи не била толку наивна, сега дипломатскиот пасош ќе и се најдеше да кидне, штета што ќе и го одземат, коментира авторот на колумната.

Законот е таков каков што е, дури и кога е осомничена за корупција Татјана нема обврска да си замине од функцијата, освен ако не биде осудена правосилно. Теоретски може од сабајле да оди на работа и да се бори против корупцијата а попладне да оди на судење за корупција. Па нема појако. Звучи смешно, но жално вистинито.

Затоа , да не трошиме државни пари за комисии како оваа за антикорупција, уствари излезе дека е за корупција. Укинете ја, ќе коментира ЕУ неколку дена и толку Тие па да не се поарни.

Еве да ве прашам, знаете некој предмет што го отворила оваа комисија а за кој имало обвиненение или недај боже пресуда. Не знам ни јас. Излезе дека дека лесен е патот од прва револуционерка до прва корупционерка.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да части. Ги укинаа визите за Дубаи.

Тоа е, кога ти оди се ти оди. Нема веќе чекање ред за виза за нивниот омилен град. Сега со неговиот другар Зоки може кога ќе им текне да одат на концерт на Харис Џиновиќ, Драгана Мирковиќ, Цеца. Тоа е нивно друштво.

Во последно време тие двајца се повеќе во Дубаи отколку во Скопје или Струмица. Не се стига сегде се нема време од толку бизниси.

Затоа сега е полесно, веќе не им треба златна виза, бизнисите можат да си ги бркаат и со обична, како за сите граѓани кои сакаат да заминат за Дубаи да видат што чудо е тоа. Филипче кисело се насмеа и звучеше убедливо дека со другар му немаат златни визи.

Дека ова е недела на Венко покажа и најновата анкета на маркет вижн за рејтингот на политичарите и партиите. Преведено фудбалски резултатот меѓу премиерот Мицкоски и Филипче е 8 спрема 1.

Ништо поарна не е венковата и за зоки СДСМ која од ВМРО-ДПМНЕ губи 5-0. Не за џабе граѓаните во анкетата сметаат дека СДСМ е нереформирана. А народот е во право дури и кога греши, што би рекол еден друг лидер на СДСМ на кој овие двајца не му се дооооо, до Дубаи.

А идат избори, локални а може и предвремени парламентарни. Венко вели бил спремен. Што ќе им каже докторот на гласачите.

Уствари подобро и да не збори ништо бидејќи половина од испитаниците не ни знаат кој е лидер на опозиција. Да си скоро две години на чело на СДСМ и луѓето да не те препознаваат како лидер на опозцијата е резил.

Лесен е патот од слушај го венко за време на короната доо кој е Венко?

Зијадин Села и Арбен Таравари се најголемиот доказ во политиката не постојат вечни непријатели туку вечен интерес. Во моментов нивен заеднички интерес е ДУИ.

Изгорени се да бидат како Али Ахмети. Тоа е нивиоот идол. Се сеќавате што си рекоа еден за друг, дури и партијата ја поделија на две, ама од ДУИ не се откажуваат.

Ете според села немало ништо лошо што Таравари се слушал со Ахмети и оти требало сите албански партии да се обединат.

Не за џабе се вели дека тоа што не можеш да го купиш со пари, можеш со многу пари.

Поврзани вести