Skip to main content

Државен натпревар по прва помош во Гостивар

На градскиот плоштад во Гостивар, во организација на Црвениот крст на Република Македонија, ќе се одржи државен натпревар по прва помош.

Учество на натпреварот ќе земат екипи на млади волонтери од сите општински организации на Црвениот крст од земјава, кои ќе ги демонстрираат своите знаења и вештини за укажување прва помош при симулирани сценарија на повреди, со цел унапредување на практичните способности и подигање на јавната свест за значењето на брзата и правилна интервенција во случаи на несреќи.

Како што е најавено, на настанот ќе присуствуваат Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, министерот за здравство, Азир Алиу и градоначалникот на општина Гостивар, Валбон Лимани, како и претставници на институции, хуманитарни организации и граѓани.

Поврзани вести