Skip to main content

Дома си заминуваат 12 пациенти: Уште 27 се лекуваат во Македонија по пожарот во Кочани

Во клиниките во Скопје се лекуваат 39 пациенти кои со повреди се здобиле во ужасот во Кочани. Од нив, 12 се во клинички центар, 10 во стара Градска болница, 10 пациенти во „8-ми Септември“, а во приватните клиники 7 пациенти.

Добрата вест е што денеска се испишуваат 12 пациенти и практично ќе останат 27 пациенти кои се лекуваат во болниците во Скопје. Во странство се лекуваат 115 пациенти. Добра вест е што најверојатно едниот пациент денес се враќа од Белград на понатамошно лекување во Скопје. Пациентот е во добра општа состојба, ќе биде направена тријажа и ќе биде сместен на клиника – рече Таравари.

Министерот информираше дека кај 4-5 пациенти кои се лекуваат во странство состојбата е посериозна. Некаде имало и влошување, но докторите го даваат максимумот за да помине овој тежок период.

Поврзани вести