
На една недела пред почетокот на изборната кампања, Работите никогаш не биле појасни. Во фудбалски речник ова се вика погледнете семафор. ВМРО-СДСМ 7-1. Не е исклучено до почетокот на изборите резултатот да да биде повисок. Ако се кладите на ВМРО во обложувалница нема ништо да заработите, бидејќи победникот веќе се знае и таквите мечеви ги нема во понудата, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Кандидатот за градоначалник на Чаир е опасно влезен во чаирски филм. Наместо да се грижи за општината за која се кандидира, Бујар мисли дека е уште министер за надворешни работ на Белгији, но не на Македонија туку на, Косово, Босна, некој протекторат. Бујар на своите поддржувачи им ветува дека по локалните ќе има парламентарни избори и тогаш во Македонија ќе имало ко-владеење. Докторе, ја имаш згрешено терапијата.
Европската унија од нас бара да им ги зголемиме платите на судиите и обвинителите. Како награда за двата посто доверба што ја имаат , ЕУ бара судиите да имаат пет илјади евра плата. Да добро слушнавте, пет ијлади евра. Демек ако имаат големи плати немало да бидат корумпиирани. Добро овие од Брисел во кој свет живеат. Па на судиите и обвинителите платата им е онака, за џепарац, да им се најде. Тие живеат од рушвет, од политички рушвет, не од плата. Кој се збогатил од плата.
Македонија е жртва на изборни пиромани и хибридни закани. По секојдневното палење на планини за време на летото сега изборните пиромани имаат нова цел- депонии и складишта. Тие најлесно горат. Знаат нашиве пиромани како најлесно се навлекува гнев кај обичниот граѓанин кога се уште се свежи сеќавањата од трагедијата во Кочани. Овие денови Скопје наликува на сцени од апокалипса, но тоа и им беше целта. Да не можат луѓето да излезат надвор, да носат маски, дома да затвораат прозорци. Корона втор дел.

Луѓето да седат дома и на тастатура да ја обнинуваат власт дека дишеме отроов. Не е тешко да се претпостави кому му оди во прилог ваквата ситуација. Повеќе од очигледно е дека ова се подметнати пожари и оти ни во пожарите ништо нема случајно. Гореше Вардариште, гореше Дрисла, гореше депознија во Шуто Оризари и сега складот на електронски отпад во Трубарево. Што е многу многу е. Толку пожари за неколку дена не може да се случајност или несреќен случај. СДСМ и ДУИ како едвај да чекаа да догори огнот и да се фрлат во критики дека власта не знаела да се справи со пожарите. Оф море боже, па на Филипче додека беше министер за здравство живи луѓе му изгореа во модуларната болница во Тетово и на крај кабелот беше крив. Сега нема кабелот да биде крив и веќе има неколкумина приведени. Има разлика нели. Дивата депонија Вардариште е децениски проблем за кој вина имаат сите власти до сега, и државни и градски. Таа депонија едноставно мора да се исчисти и дислоцира за граѓаните од тој дел на Скопје да да не дишат ѓубре и пластика.
Се сеќавате ли за време на „ајрото“ на Заев .Тогаш Скопје по загаденост беше во конкуренција на Катманду, Њу Делхи, Каиро со енормна загаденост. Знаете кој беше тогаш министер за животна средина во владата на Заев и кој дал дозволата за стовариштето во Трубарево. Па кадар на ДУИ. Се сеќавате на Насер Нуредини.Тоа е еден небитен лик, другар на Бујар Османи, кој не знаеше да зборува ниту македонски јазик. Решение за овие изборни пиромани има, тоа ќе го видите на 19 октовмри. Народот ќе ви објасни зошто од прислушувањето сакате да направите ријалити шоу а од загадениот воздух политички поени.