Skip to main content

Димитриевски: Почит кон хероите на безбедносните сили, да работиме заеднички на безбедна и стабилна иднина

Да се сеќаваме со достоинство, да работиме на иднина, на мир и заедништво, порача денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски попвот десетгодишнината од трагичниот настан на 9 и 10 мај во кумановско „Диво Насеље“.

– Во чест на десетгодишнината од трагичниот настан на 9 и 10 мај, со длабока почит се сеќаваме на осумтемина припадници на безбедносните сили кои храбро ги положија своите животи. Нивната жртва, постхумно одликувана со медали за храброст, останува вечен симбол на непоколеблива посветеност и несебично служење, напиша Димитриевски.

Тој посочува дека годишнината носи силна порака достоинствено сеќавање, оддавање заслужена почит но и работа кон иднина ослободена од такви трагедии – иднина на мир, стабилност и заедништво.

– Нека нивниот подвиг биде светилник што нè води кон праведно и безбедно општество. Благодарност до македонските безбедносни сили што се грижат за зачувување на безбедноста и мирот на нашите граѓани, напиша Димитриевски.

Поврзани вести