Skip to main content

Димитриевски: Никој не е избркан од работа, си заминаа зошто не знаеја што работат, а земаа плата

Владата цело време најавува борба со корупција, во меѓу време се случуваат испуштања од работа на административци, без да се почитува правичната застапеност, обвини вчера Зијадин Села во дуелот со Максим Димитриевски на „Само вистина“, зборувајќи за Балансерот.

На ова Димитриевски му порача дека никој не е избркан, туку заминаа луѓе што со години не се појавувале на работа.

Не е избркан никој од работа, паушални ви се изјавите. Си заминаа од работа затоа што не знаеа каде им се работните места. Има граѓани кои што не доаѓале на работа со години, не знаеле каде им е работното место затоа што биле донесени на работа од вашиот коалиционен партнер, им било ветено дека ќе земаат плата, а нема да се појават на работа. И се создаде една општа навика во општеството и ние затоа го баравме тој ресор за да направиме департизација на државниот апарат, првично граѓаните го бараат тоа, а сакаме и да бидеме дел од ЕУ, кога тогаш ќе бидеме, затоа ни се неопходни реформи, рече лидерот на ЗНАМ Димитриевски во Само Вистина.

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escortcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel giriş