
Лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски рече дека пред една недела го повикал лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на ТВ-дуел, да ги соочат аргументите и да зборуваат отворено пред народот, за, како што вели, она што ни е најсвето – нашата држава, нашиот идентитет, нашата иднина.
-Седум дена поминаа од тогаш. Седум дена молк. Седум дена тишина – таму каде што требаше да има храброст. И тоа кажува сè. Затоа што, кога ќе молчиш за вистината – молчиш и за Македонија. А ние, во Движењето ЗНАМ, нема да молчиме. Нашата должност е да зборуваме, да предупредуваме и да браниме, кажа Димитриевски.

Македонски








