Skip to main content

Дигиталната трансформација е предуслов Скопје да стане ефикасен и функционален град

Проф. д-р Даме Димитровски, носител на советничката листа за Советот на Град Скопје оствари неформална, но содржински значајна средба со министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Во пријатна и истовремено конструктивна атмосфера, соговорниците дискутираа за проектите предвидени во програмата за Скопје кои се однесуваат на дигитализацијата и системската модернизација на градските услуги.

Во фокусот на разговорот беа приоритетите за дигитална трансформација на главниот град како што се воведувањето интегрирани електронски услуги за граѓаните, дигитализација на јавните документи и регистри, развој на апликации за транспарентност и отчетност, примена на паметни решенија во урбаниот транспорт и паркирањето, како и создавање на услови за побрза и поефикасна комуникација меѓу граѓаните и градската администрација.

Визијата на професорот Димитровски дополнително вклучува воспоставување на Смарт центар и Иновациски хаб во Скопје – простори наменети за стартапи и развој на нови дигитални решенија. Паралелно, е предвидено формирање на Скопски иновациски центар тесно поврзан со европските и светските технолошки хабови, кој ќе им помогне на младите и претприемачите да создаваат и применуваат иновативни проекти.

Програмата предвидува и користење на веб-платформи за директна комуникација со граѓаните, како и дигитални механизми за отчетност на буџетот и работата на Советот на Град Скопје – мерки кои ќе овозможат транспарентност и зголемена доверба во институциите.

„Дигитализацијата не е само технички процес, туку предуслов за град кој е ефикасен, транспарентен и ориентиран кон граѓаните,“ нагласи Димитровски.

Со овие мерки, Скопје ќе се трансформира во современ и функционален град каде дигиталните технологии значат поголема достапност на услугите, подобра транспарентност и повисок квалитет на живот за сите граѓани.

Поврзани вести