Skip to main content
Почна вториот круг од локалните избори

Денеска гласаат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

Вториот круг од локалните избори во земјата ќе се одржи утре, додека денеска гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во старските домови.

Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници. Право на глас имаат 1.013.375 граѓани. 

Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), денеска треба да гласаат 4.826 болни и изнемоштени лица, чии барања се одобрени од Општинските изборни комисии. Ќе гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор од општините каде се бираат градоначалници.

Изборната кампања за вториот круг од изборите заврши синоќа на полноќ, и ќе трае до утре до 19 часот. 

Гласањето започнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот. 

Изборите ќе ги следат 1 598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен. 

Поврзани вести