
Се сеќавате на ова славно пушење на Зоран Заев кон неговиот брат Бојко Борисов. Длабоко грло. Зоки за да му заблагодари на неговиот побратим што му ја даде цела македонска историја на тацна му подари американски пури. Заев долго време беше повлечен во илегала, одвреме навреме ќе чуевме за некој бизнис во Дубаи и толку. Но, несуденииот нобеловец се јави со коментар, погоден од изјавата на премиерот Мицкоски дека Борисов со куферче пари го помагал Заев и СДСМ. Во реакцијата на Заев никаде не ја споменува блискоста со батко му Бојко. Ах бе Зоки, не си ти крив,туку оние што не те уапсија досега. Туку и како да те уапсат кога сите судии и обвинители се се уште под твоја контрола и под контрола на вашиот коалициски партнер ДУИ. А со такви нема ниту правда ниту мир, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Ако случајно ве наведе патот во Петрич, Бугарија обидете се да најдете улицата Гоце Делчев број 12. Случајно или не, ни Гугл мап не може да ја пронајде. Таа улица со револуционерно име крие многу тајни поврзани со најпознатото семејство во Македонија, Заеви и нивниот партнер Филипче. На таа адресаВенко Филипче има регистрирано фирма за недвижности. Онаа де што заборави да ја пријави во Антикорупциската комисија. Од толку фирми се заборава. Не дека е намерно. На истата адреса се водат и фирми на роднините на Заев, братот и братучедите Вице, Трајче и Бобан Заеви. Цела Фамилијија. Но не само тие, кај Гоце Делчев фирма и Зобег мининг koја му го купила луксузниот џип на Филипче. Ауди ку осмица. Убаво џипче, се гледа дека Венко има вкус за коли.
Е таа Зобек мининг груп продавала јаглен на ЕСМ по цена од 82 евра, а го купувала за 30-тина. Разликата во цената никогаш не влегла во Македонија. Kaде отишла не е тешко да се погоди. Зобек мининг груп за наводен ископ на јаглен исплатила 9 милиони евра кон фирмата на Заеви во Бугарија наречена Гомасидра.
Газдата на Зобек е извесен Асмир Колашинец кој случајно се појави на онаа славна пијанка на Заев и Филипче со Харис Џиновиќ во Дубаи. Како се вели кругот е мал а во него се сите.

Е таков, дил ориентед Венко од Петрич излегува на митинзи и ја брани неговата резолуција за односите со Бугарија. Па Резолуцијата може и буквално е пишувана во Софија. Откако се им дадоа на Бугарија сега со резолуција ќе ги бранеле црвените линии. Немој не ме радуј ,. Демек ние да ги внесеме Бугарите во Устав и после со писмо да ја информираме ЕУ дека ние сме ја завршиле нашата работа. Уууу јаки гаранции.
Од вакви патриоти си патиме
Дали сте за независна и суверена држава Мала Речица со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Албанија. Вака би гласело референдумското прашање на референдумот што го најави лидерот на ДУИ Али Ахмети. Локалните избори биле албанско-македонски референдум. Јас пак мислев дека се за улици, патишта, водовод, канализација, нечистотија….

Мина една недела од кампањата,, на што личи ова. Божее, орли, врапчиња, српски свет, УЧК. Кој на што мисли тоа зборува. ДУИ среде кампања зборува за српски свет. Темава им е скроз утната бидејќи тој термин српски свет за поголем дел од Македонците не звучи страшно бидејќи Србија и Србите ни признаваат и јазик и нација и црква, за разлика од Албанија и Бугарија.
Да не испадне дека вие од ДУИ сте дел од српскиот свет ако властите во Белград некогаш решат некогаш да ги отворат тајните досиеа на соработници на УДБА. Е тогаш ќе бидеее. Туку ајде да ги оставам овие од Мала Речица намира да го спремаат референдумот, да не ме прогласат за албанофо, коментира авторот на „5 минути со Чавез.