Skip to main content

Дали меѓународната заедница ги изолира Филипче и Ахмети?

Во последната година од формирањето на новата Влада, Македонија беше домаќин на голем број високи странски претставници. Претседателот на Европскиот совет Кошта, Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен, Претседателот на Хрватска Милановиќ, премиерите на Косово и Србија, министрите за надворешни работи на Турција, Италија, Малта, Црна Гора и Австрија, како и министерката за европски прашања на Германија — сите беа присутни во нашата држава. Во Македонија допатуваа и поединци блиски до претседателот Трамп, како Хаурд Лутник и Ричард Гренел. Гостуваа и високи претставници на Советот на Европа, Обединетите нации, Европската унија и ОБСЕ. Но, кој од нив се сретна со Венко Филипче и Али Ахмети? Дали е ова случајност или показател за нивна се подлабока меѓународна изолација? Или пак, меѓународната заедница испраќа јасен сигнал со тоа што ги заобиколува?