
ВМРО-ДПМНЕ го честита 8-ми Март, меѓународниот ден на жената.
Овој ден е симбол на борбата за еднаквост, правда и почит, но и потсетник дека улогата на жената во општеството е непроценлива. Вие сте столбот на семејството, движечка сила на економијата, носители на промени и иднината на нашата заедница.
Жената е пример за борбеност, пожртвуваност, одговорност и рамноправност. Наша задача и обврска е да продолжиме да градиме општество каде што жените се почитувани, поддржувани и сакани.
Нека овој ден биде потсетник за женската сила, храброст и незаменлива улога.
Честит 8-ми Март!