Skip to main content

„Червените“ линии на Филипче како да се пишувани на бугарски чет џи-пи-ти

На три и пол страни, како состав за на училиште, лидерот на СДСМ Венко Филипче ја објави Резолуцијата за т.н црвени линии во преговорите со Бугарија. Во документот има многу флоскули и извртени факти а малку суштина. Најважно е што Филипче бара итно внесување на Бугарите во Уставот без никакви дополнителни гаранции.

Во однос на јазикот, Филипче во Резолуцијата вели дека македонскиот јазик станал официјален во Обединетите нации во 2019 година. Ова е ноторна лага, бидејќи нашиот јазик бил еден од офцијалните јазици за време на членството на СФРЈ во ОН заедно со српско-хрватскиот и словенечкиот. Дополнително, Македонскиот јазик бил интернационално признат на конференција во Атина во 1974 година.

Одиме понатаму со небулозите на Филипче. Во Резолуцијата тврди дека Cеверна Македонија во 2005 година добила кандидатски статус. Северна на Филипче никогаш не добила кандидатски статус туку Република Македонија. Исто како што во 2009 година Cеверна Македонија никогаш не би можела да добие позитивен извештај од ЕУ.

На Филипче му се брза да ги внесеме Бугарите во Устав до февруари следната година а потоа со писмо да сме ги известеле ЕУ дека ние нашата обврска сме ја исполниле.

Аааа јака гаранција нема што. Црвениве линии како да се „червени“.

Игор Чавески

Поврзани вести