
Петте минути со Чавез беа на краток одмор, Кога можат владата и пратениците да здивнат зошто да не можеме и ние. Добро ние не можеме да си приуштиме одмор на јахта како Заев и Филипче. Туку ги мислам дали се вратени од Грција, дома не се прибрани, Ајде Заев политичар во пензија што ќе прави во неговата Северна кога веќе нема абер од негово апсење, ама од толку уживање може да страдаат бизнисите во Дубаи.
Ама па Венко, е лидер на партија, каква-таква, а го чекаат и избори. Добро него изборите му се терет, беше спремен да ја жртвува и политичката кариера само да го смениме уставот, коментира авторот на колумната.

Кога ги гледам на јахтата собрани Зоки, Венко и оној анонимен лик кој да ти бил кандидат за градоначалник на Аеродром си викам во Македонија не се живее лошо. Она јахтиче кошта најмалку 200.000 евра. Што би се рекло има се може се.
Авторот на оваа колумна ќе се кандидидира како независен кандидат на локалните избори. Ќе ми се потпишат мојот снимател и монтажер. Ќе се најде уште некој колега гарант, да ги појачаме потписите. Е до ова дереџе ја донесоа кандидатурата на независните кандидати за градоначалници и советеници. Со потписи од домашните да можат да се канддираат. После кога на изборите ќе освојат по стотина гласови ќе се жалат на недостаток на демократија.
Европскиот фронт полека но сигурно се распаѓа. Дури и Мендух Тачи избега од Али Ахмети и ДУИ. Изборите биле маскарада, се пожали некогашниот војвода.Мореее си се заслужувате и двајцата.

Бугарите збеснаа откако Уставниот суд оформи предмет за вториот протокол со Бугарија кој го потпиша Бујар Османи и со кој ни ја скрои капата никогаш да не станеме членки на ЕУ бидејќи таму има услови кој никој нормален не би ги прифатил. Освен СДСМ и ДУИ.
За што се работи. Тоа е протокол кој Бујар го потпиша неколку дена откако Ковачевски се согласи да го прифати т.н француски предлог кој не беше никаков француски или европски туку бугарски. Француски беше само целофанот, за полесно да го проголтаме.

Во протоколот се споменува терминот „двете држави и двата народи и нивната заедничка историја. Пак ќе речам само на некој што му е гајле за македонскиот народ и за неговите чуства би потпишал ваков документ-во случајот кандидатот за градоначалник на Чаир. А за Бугарите заедичката историја е бугарска.
И можеби најтрагичното во овој протокол е што Османи прифати сите учебници и книги пред да бидат објавени да одат на одобрување во Бугарија. Па браво.
Туку Бујаре да те прашам. Дали би потпишал ваков договор ако се работеше за Албанците, за албанскиот народ, за албанскиот јазик и историја. Се разбира дека не. Ама за Македонците може, нели..
Затоа уставни судии само храбро. Барем вие обелете го образот на оние кои имаат два посто рејтинг и се обични пиуни во рацете на политичарите.
Глвен светски настан неделава беше средбата Трамп-Путин на Аљаска која е е прв чекор кон крај на војната во Украина. Да потребен е мир за светот да здивне и економски и безбедносно.
Што е исходот од средбата на двајцата најмоќни луѓе на светот на Аљаска. Судбината на Украина ќе се решава без Украина, Жално но вистинито. Веќе е јасно дека Зеленски не се прашува за ништо, тој и дури нема да го потпише мировниот договор бидејќи мандатот му е истечен повеќе од две години.

Зеленски го играат само ликови како Фон Дер Лајен, Makron и Мерц кои отидоа со него на средба во Трамп во Вашиннтон да му го чуваат стравот како дете на заболекар и да му викаат ти ветуваме дека нема да боли, нема ни да осетиш.Навистина е жално кога ги гледаш седнати како ученичиња пред кабинетот на Трамп чекајќи да ги прими. Така треба за нив.
Зеленски е пример како ќе завршиш ако веруваш на оние бирократи од ЕУ кои онака не се прашуваат за ништо.
Путин на Аљаска однесе дипломатска победа на гости.Три бода. Доби и покана да ја посети Америка.А оние од Меѓународниот кривичен суд ќе го апсеа а ЕУ спремаше нови санкции.Гревчиња.

Украина ќе ја делат како Македонија во Букурешт во 1914 година кога не бевме на масата туку на менито.
На крајот Украина ќе остане без третина од територијата, Америка ќе ги добие суровините, Зеленски славата, а ЕУ ќе ја плати сметката. Секому по заслугите.