Skip to main content

Бугарски лекари со бесплатни прегледи во Пустец – си поставија бугарско знаме, од македонското и албанското ни траг

Во државната амбуланта во Пустец денес започна третото издание на бесплатни профилактички прегледи, организирани и финансирани од Фондацијата „Бугарска Памет“ предводена од д-р Милен Врабевски, по покана на градоначалникот Пали Колефски. Во тимот учествуваат лекари од Софија, Пловдив и други здравствени центри од Бугарија.

Иако акцијата има хуманитарна цел, дел од жителите на Пустец за медиумите изјавија дека поставувањето на бугарското знаме на работната маса во амбулантата изгледа како политичка порака и „прикриена бугарска пропаганда“.

Пустец е единствената општина во Албанија каде мнозинство е македонското население. Албанскиот закон за заштита на малцинствата ја гарантира службената употреба на македонскиот јазик, а Законот за знамиња предвидува дека при јавни настани задолжително мора да биде истакнато и албанското знаме заедно со знамето на малцинството. Локални жители посочуваат дека во амбулантата тоа не било испочитувано, бидејќи бил истакнато само бугарското знаме.

Пред зградата на општината редовно се вее македонското знаме, како што предвидуваат прописите, но жителите велат дека во случајот со денешните прегледи е испратена порака која го игнорира законскиот и културниот контекст на македонската заедница.

Поврзани вести