
Поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ јавно преку објава на социјалните мрежи реагираше на последните комуникации од опозициската партија.
„Последниве прес конференции на СДСМ се како да ги пишува и спрема некој задоеник со усташка НДХ идеологија, наследник на врховистичка балистичка идеја таргетирајќи еден народ и една земја која секогаш имала братски пристап према Македонија. Се напаѓа политика на независна држава, Претседател на држава избран од народот, српски компании кои доаѓаат и работат во Македонија. Ваквите напади и конструкции се продолжеток на делувањето на идеали кои не биле препознатливи за партија која негувала антифашистичка идеологија. Како припадници на српската заедница секогаш сме давале придонес за развој во разни полиња во државата и така ќе биде и во иднина но, очигледно на некоја група во СДСМ која најверојатно треба да се докаже на некој србофоб и србомрзец свесно од рани утрински часови па до доцна навечер во скоро секоја втора или трета објава споменува српски, Србија, срби итн. Мислам дека треба во иднина преку правни механизми да се избориме против дискриминацијата и србофобијата која очигледно владее кај одредени луѓе во СДСМ“ напиша Богдановиќ.

Македонски






