Skip to main content

Безбедноста на Мицкоски не е загрозена, истрагата е во тек, вели Митева по апсењето на обезбедувачот на премиерот

Безбедноста на премиерот Христијан Мицкоски не е загрозена, вели портпаролката на Владата, Марија Митева, за „Скопје1“, а по апсењето на Ангел Самараков од Велес, член на неговото обезбедување, кој се сомничи дека од МВР извлекол материјали кој требало да ги предаде на трети лица. Засега останува непознато за какви материјали станува збор.

„Не е загрозена безбедноста на премиерот. Истрагата е во тек. За првпат во историјата на државата, уапсен е човек од обезбедувањето на премиерот поради сомневање за сторено кривично дело“, вели кусо Митева за „Скопје1“.

Обезбедувачот на Мицкоски беше фатен во акцијата спроведена од Обвинителството за гонење на корганизиран криминал и корупција. Обвинителот направил повеќе истражувања, меѓу кои и претреси во неговиот дом и возила. Самараков, според МВР, незаконски поседувал материјали од Министерството, кои ги оддавал на трети лица.

„При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода. Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ“ велат од МВР.

Поврзани вести