
Поранешниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров, во емисијата „Тема на денот“ на Сител истакна дека по катастрофалниот пораз на партијата на локалните избори, треба да се вратат внатрепартиските дебати преку кои испливувале квалитетни кадри на површина.
Претседателт е прв одговорен во поразите, а во победите заслугата е колективна. Сум бил сведок на повеќе оставки на претседатели на партијата, мачни биле. Брзи одлуки не се потребни, треба да се преспие па потоа со ладна глава да се направи една длабинска анализа“, вели поранешниот градначалник на Карпош.
Тој додава дека поранешниот претседател Бранко Црвенковски, со низата објавени фотографии во јавноста за време на локалните избори, сака да испрати некаква порака и дека тоа не се одвива случајно баш сега.
Петров додаде дека промената на името не и нанела штета на партијата, затоа што донела добробит за државата, туку во прашање се други грешки кои се правеле од раководството.
Низа корупциски скандали, заборавање на членството – сте ветиле нешто, не сте исполниле, на функции ставате луѓе кои 100 души не ги знаат. Ако во чаршија никој не ви рече добар ден, не сте за политика. Ние имавме дискусии по шест, по седум, осум саати сме останувале на дебати на одборите. Потребни му се на СДСМ квалитетни луѓе внатре. Во Карпош сум носел 10.000 гласови од нога кога бев во конфликт со Стевчо Јакимовски. 25.000 гласови добивме во 2002, значи 50 отсто од гласачкото тело на Карпош. Треба да покажат дека не сме во служба на ВМРО-ДПМНЕ и дека ВМРО-ДПМНЕ не ги остварува интересите преку СДСМ, тоа треба да го покажат пред јавноста“, вели Петров

Македонски








