Skip to main content

Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на аеродромот во Скопје го пречека претседателот на Република Црна Гора, Н.Е. Јаков Милатовиќ.

Министерство за дигитална трансформација,

На покана на претседателката на Република Македонија, Н.Е. Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот Милатовиќ престојува во официјална посета на земјава.

Министерство за дигитална трансформација,

Во текот на следните два дена, претседателот Милатовиќ ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв, насочени кон зајакнување на соработката, со фокус на економскиот развој, регионалната стабилност и европската интеграција.

Посетата претставува потврда за добрите и пријателски односи меѓу двете земји, како и за заедничката посветеност кон унапредување на регионалната соработка и европската иднина.

Поврзани вести