Skip to main content

Активни пет пожари, два ер трактори ангажирани за пожар близу брегот на Преспанско Езеро

На територијата на државата заклучно до 18:30 часот се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, шест се под контрола, а пет се изгаснати. Пожарот кој што попладнево изби на брегот на Преспанското Езеро во близина на село Перово се гаси со еден Ер трактор, а како што посочија од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), наскоро ќе му се приклучи уште еден.

Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Потоа во Општина Прилеп – с. Бешиште, местo викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (мешана шума) во Општина Македонски Брод 4 – с. Црешнево (ниска вегетација), во Општина Ресен – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација и во Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева).

Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов изјави дека пожарот кој што попладнево изби на брегот на Преспанското Езеро во близина на село Перово зафатил поголема површина на трска и поради ветрот се ширел кон селото, но веќе не претствува опасност благодарение на интервенцијата на пожарникарите од Ресен и на локалното насление кое им дава поддршка.

Дејствува еден Ер трактор амфибија на ДЗС, а набргу ќе му се придружи и вториот .Ер тракторот ја пресече линијата на огнот и помага на силите кои што гасат од земја да воспоставт целосна контрола врз овој тежок пожар кој се закануваше кон неколку села, рече Ангелов кој е на пат кон местото на овој пожар.

Под контрола се пожарите во Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с.Смолани, место Радобилски Рид, во Општина Желино – помеѓу с. Церово и с. Групчин и во Општина Македонски Брод каде има пожари на четири локации и тоа с. Латово, м.в. Маркова Стапалка, потоа помеѓу с. Локвица и с. Крапа, кај с. Грешница и кај с. Латово. 

Поврзани вести