Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ

Ако Османи и ДУИ го сакаат народот немаше потпишуваат капитулантски договори со Бугарија и Грција

Османи и ДУИ во пресрет на дебакалот кој ќе им се случи на претстојните локални избори, за да добие медиумско влијание, повторно креваат прашина во јавноста, со ширење на етнонационализам и лаги помеѓу граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ниту мразат некого, ниту пак се албанофоби. Тоа можат единствено да бидат тие од ДУИ, кои по се изгледа не си го сакаат народот.

Доколку Османи и ДУИ си го сакаат народот, немаше да потпишуваат капитулантски договори со Бугарија и Грција, немаше да гласаат за промена на името и Уставот, немаше да играат фудбалчиња по министерства, немаше млади момчиња да купуваат молови по центарот на градот.

Доколку Османи и ДУИ си го сакаат народот, како што велат, немаше низ Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Липково, Пласница, Струга, Теарце, Сарај, жителите да газат низ кал, да нема водовод, канализација, основни човекови услови за живот.

Сметаме дека Османи и ДУИ, пред да излезат да говорат беседи пред јавноста, треба прво самите да се погледнат во огледало.