
По повод Рамазан Бајрам, големиот празник кој денес го празнуваат муслиманите, премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за локална самоуправа го посетија нивниот пријател Ајхан Демов во Василево.
Кај нашиот домаќин Ајхан Демов, во Василево, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
Во духот на заедништвото, соживотот и почитта, со луѓето со кои ги делиме и радостите и предизвиците.
Нека е честит празникот, со мир, здравје и благосостојба во секој дом!, порача Мицкоски.