Skip to main content

Аферата „Провизиите кои чинат животи“, покажа дека за Филипче профитот бил на прво место, поставил модуларни болници од леснозапалив материјал

На површина излегува работењето на Венко Филипче како министер за здравство, каде профитот и провизиите биле поважни од здравјето на пациентите и граѓаните, воопшто, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека место пациентите, профитот и провизиите биле на прво место.

Па, така се случи и трагедијата во модуларната болница во Тетово, каде животот го загубија 14 луѓе. Аферата „Провизии кои чинат животи“ го разобличува Филипче. Нему, и за време на корона кризата, интересот му бил насочен единствено кон профити од тендерски провизии. За време на министерувањето на Филипче во ковид периодот, министерството за здравство дозволило изградба на модуларни болници низ државата, кои не исполнуваат минимални технички стандарди за безбедност и во кои не би смеело да се извршува здравствена дејност – додаваат од владејачката партија.

Тие тврдат дека за изградбата на овие болници, не се почитувале ни Законот за градење, ни Законот за здравствена дејност, а не се почитувале ни минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.

При изградбата, односно поставувањето на модуларни болници, како таа во Тетово, не се водело од квалитет и безбедност на објекти, туку тендерските постапки биле со чудна спецификација за набавка на стоки. И сето тоа резултираше со модуларни болници со лош квалитет од леснозапаливи материјали – стои во партиското соопштение.

Како што наведуваат, со заем од Светска банка за справување со ковид кризата, министерството за здравство со 30 милиони требаше за изгради 16 модуларни болници и да набави опрема и лекови. Бидејќи банката се сомневала во капацитетите на МЗ, одлучува парите да ги довери МТСП, кое требало проектна единица направи набавката по сите меѓународни стандарди и правила, но техничките спецификации ги прави лице од МЗ, назначено од Венко Филипче.

Лицето назначено од Филипче прави спорна техничката спецификација, каде што подоцна се констатира, дека не е во согласност со ниту еден стандард за изградба на објекти од областа на здравството, односно не се набавувале модуларни болници, туку стоки. Пред трагичниот пожар во Тетово, наместо да се подобрат стандардите на болниците, Министерството за транспорт и врски, по предлог на Владата, го промениле законот за градење по итна постапка, со цел овој тип на објекти да ги преместат во урбана опрема, за чие поставување одобрение ќе издава МЗ или тогашниот министер, Венко Филипче. Овие болници не се запишани ни во катастар, немаат добиено одлука од Влада за трајно користење и немаат ниту одобрение за употреба по правилник за простор опрема и кадар. Сите овие информации се доставени и до Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција – објаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На крај велат:

Лакомоста на Филипче за провизии и профит одзеде 14 невини животи, кои во модуларната во Тетово дошле по лек.

Јавноста мора да ја дознае вистината за кобниот пожар во модуларната болница!

Во продолжение ќе бидат откриени сите детали од Аферата „Провизии кои чинат животи“, во која главна улога игра Венко Филипче, стои во соопштението на партијата.

Поврзани вести