Skip to main content

120 вработени во прилепската болница останаа без работа, сега ќе го бараат Миле Талевски?

Новинарот од Прилеп, Зоран Момироски, објави дека на 120 времено вработени во времето на минатата Влада во прилепската болница „Борка Талески“, им се прекинати договорите и истите од денеска се без работа.

На околу 120 времено работно ангажирани здравствени работници во ЈЗУ Општа болница Прилеп им се прекинати договорите и побарано е од нив да ги напуштат работните места. Има и такви кои со ваков третман работеа кој 2, кој 5, а има и по 8 и по повеќе години. Иста наредба да се прекинат вакви договори има и во други здраствени установи, болници, поликлиники и клиники во државава. Сега да ги прашам „јаките, силните и принципиелните“, Миле Талески, Зоран Пачешкоски-Цакио, Илија Јованоски-Муцето, Роза Пиличева, Кети Смилеска и другите, кои си ги средивте жените, децата и се што мрда во фамилија. Вие господа, ако сте господа, кои ,,колевте и бесевте,, со години. Вие кои „јававте до небото“ на овие и слични гласачи со кои манипулиравте со години, ЌЕ ИЗЛЕЗЕТЕ ПРЕД ОВИЕ ЛУЃЕ, ИЛИ ЌЕ БЕГАТЕ И ЌЕ ИЗБЕГНУВАТЕ СРЕДБИ!? За ова и дел од другите игранки со човечките судбини во петок во 114 колумнна“, напиша Момироски.

Поврзани вести