Skip to main content
ТРИ РАБОТИ ШТО САКАМ ЛУЃЕТО ДА ГИ ЗНААТ

Митева: Мали групни единици, дневни центри и финансиски додаток за полесно секојдневие на лицата со попреченост и нивните семејства

Мора да размислуваме како да ги олесниме секојдневните потреби со којшто се соочуваат и лицата со попреченост, но и родителите на децата со попреченост, вели портпаролката на македонската влада Марија Митева, зборувајќи за плановите кои треба да се реализираат, а се дел од стратегијата за помош на оваа категорија на граѓани.

Митева ги споделува трите работи што сака луѓето да ги знаат на оваа тема:

  1. Размислуваме за отворање на мали групни станбени единици, којшто ќе го олеснат животот на лицата со попреченост. Мора да размислуваме како да ги олесниме секојдневните потреби со којшто се соочуваат и лицата со попреченост, но и родителите на тие деца.
  2. Дополнително, размислуваме и за финансиски додаток, којшто ќе го овозможиме на семејствата којшто ќе згрижуваат лица со попреченост.
  3. Она што е новитет, е отворање на нови дневни центри којшто ќе го олеснат секојдневието на лицата со попреченост. Ќе овозможиме родителите да можат непречено да ги завршуваат своите обврски, а на децата ќе им обезбедиме соодветна рехабилитација и инклузија.

Подготви: Марина Милановиќ
Фото/Видео: Александар Ивановски

Поврзани вести