На свеченост што денес се одржа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ беше врачена наградата за најдобра поема на лауреатот Андреј Ал-Асади за поемата “Никогаш пред ил’ потем” под шифра “Хидаспес”, а во рамки на чествувањето на ликот и делото на Прличев.
Темата на поемата е една интраперсонална борба на една од најинтересните личности во нашата историја, Александар Македонски, вели лауреатот Ал-Асади.
За мене оваа награда значи афирмација на моето сопствено творештво, по долгогодишно поетско творештво кое кулминираше во поемата “Никогаш пред ил’ потем”. Но, исто така, за мене значи афирмација на младата македонска поезија и младото македонско творештво и можност да стигне до пошироката публика. Пишувањето на поема има свои финеси и поразлично е од пишувањето на песна и од прозно дело и е некаде помеѓу. Имаме повеќе простор и можност да маневрираме со тематиката и наративот од една страна, а од друга страна треба да ги запазиме сите карактеристики на поетскиот израз. Тешко е и интересно е, посочува авторот на наградената поема.
извор/ фото: Охридњуз.мк