Skip to main content

Во Велгошти се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“, на Дијана Петрова симболично и беше врачена наградата за расказот „Мизенабим“

Синоќа во Велгошти во организација на Општина Охрид се одржа традиционалната манифестација „Вечер на Чинго“ посветена на големиот македонски раскажувач Живко Чинго.

Настанот го отвори заменик – градоначалникот Ана Крстеска, а беседа за Чинго одржа проф. д-р Кристина Николовска.

На Дијана Петрова, авторката на најдобриот расказ од Конкурсот „Живко Чинго“ симболично и беше врачена наградата за расказот „Мизенабим“.

Настанот помина во знакот на 90 годишнината од неговото раѓањето и по тој повод беше промовирана книгата „Наградата Живко Чинго – од востановувањето до денес“ дело на приредувачот – колегата Милчо Јованоски. Издавач е Општина Охрид.

Книгата е книжевна ретроспектива на збиднувањата поврзани со културната манифестација „Вечер на Чинго“. Низ страниците на овој вреден и значаен книжевен запис на м-р Јованоски ќе имате единствена и ретка можност да се запознаете со почетоците на културната манифестација „Вечер на Чинго“; нејзиното прекинување и нејзиното продолжување; да ги прочитате сите досегашни првонаградени раскази и имињата на нивните автори; да се потсетите на некоја од генијалните мисли или реплики од безвременските дела на Чинго и да го прочитате интервјуто со неговата внука, д-р Виолета Ачкоска под наслов „Чинго, берач на туѓи гајлиња“.

Пред споменикот на Чинго во атарот на црквата Св. Петка се поклонија и положија букети цвеќе бројни делагации. Меѓу нив беше и делегацијата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во која беа Весна Симоноска, Илија Џајкоски и Милчо Јованоски.

Поврзани вести