Skip to main content

Во пресрет на 150-годишнината од Разловечкото востание, ќе се обновува Спомен-домот во с. Разловци

Со цел достојно одбележување на 150-годишнината од Разловечкото востание (1876 – 2026), првиот востанички организиран отпор за слобода на македонскиот народ, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, формираше работна група која треба да направи увид во состојбите во објектот на Спомен-домот на Разловечкото востание во с. Разловци, Општина Делчево.

Работната група, составена од претставници од Министерството за култура и туризам, од Музејот на С Македонија и од Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево, во текот на вчерашниот ден направи првичен увид, а во следниот период треба да понуди предлог-концепт за обнова, ревитализација и реконципирање на поставката посветена на Разловечкото востание, како и за обнова на целиот објект на Спомен-домот кој е дел од Центарот за култура во Делчево.

Објектот „Спомен-дом на Разловечкото востание“ е изграден во 1981 година и е дело на истакнатиот македонски архитект Георги Константиновски.

Поврзани вести