Во Народниот театар во Штип, вечерва, со почеток во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Јас, на некое друго место“ од Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Јован Ристовски. Kостимограф во претставата е Марта Дојчиновска.
Станува збор за праизведба на современ македонски текст, кој писателката Ана Ристоска-Трпеноска го напишала инспирирана од вистинска приказна. Во претставата се разработува проблематиката со психолошкото ментално здравје, губењето на емпатија, како и деструктивното однесување во средината во која живееме.
Во претставата играат: Марија Минчева Андонов, Елена Шорова Дербов, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Анѓелка Нашкова, Ава Хусеини, Пеце Ристевски, Стефанија Митовска, Миле Вратеовски.
Тој зборува, држи монолог, а јас го слушам и му дозволувам да се искаже.
Ние, луѓето заборавивме да зборуваме еден со друг.
Ние, луѓето заборавивме да се слушаме еден со друг.
А тоа е единственото нешто, што некој може да го стори за другиот.
Да биде тука…Едноставно да биде тука за некого…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.