Skip to main content

Во МНТ денеска се отвора летната сцена „Славиша Кајевски“

Втората сезона на летната сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар ќе биде отворена денеска со настап на скопскиот бенд Funkshui и артистката Speysd.

Програмата за летната сцена „Славиша Кајевски“ за 2025 година, реализирана со поддршка од Македонски Телеком, оваа година се одржува под слоганот „Млади за млади“, ставајќи акцент на концертни настапи на македонски изведувачи и носејќи хуманитарен карактер и ќе трае до 21 јуни.

Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за Support Кочани, за поддршка на лекувањето и рехабилитацијата на повредените во трагедијата во Кочани.

Летната сцена „Славиша Кајевски“ премиерно беше отворена минатата година, како посвета на прерано починатиот актер којшто остави длабока трага во македонската култура. Таа ги обединува музичарите и сите други уметници со публиката на летната тераса покрај Вардар, соопшти МНТ.

Оваа година, шестдневната програма на летната сцена е во рамките на одбележувањето „80 години Македонски народен театар“.

Поврзани вести