Skip to main content

Во Македонскиот КИЦ во Тирана промовирана книгата „Два корена, едно творештво“ од Кимет Фетаху: Да ја негуваме својата традиција и гордо да ја пренесуваме на следните генерации

Во Македонскиот културен центар во Тирана се одржа промоцијата на книгата “Два корена, едно творештво” на проф. д-р Кимет Фетаху.

Оваа книга е од голема важност бидејќи содржи ризница на неистражената албанска литература од албански автори со македонско потекло кои пишувале не само на албански, туку и на македонски јазик. Кимет Фетаху е доктор на науки, универзитетски професор и голем активист за правата на Македонците  во Република Албанија.

Вчерашната промоција е доказ за тоа, но и поттик уште повеќе да ја негуваме својата традиција и гордо да ја пренесуваме на следните генерации.

Проектот беше реализиран со поддршка од Комитет за националните малцинства.

Поврзани вести