На 4 септември (петок), 20 часот во Галеријата Фонтикус во Грожњан (Хрватска) ќе се отвори изложба на македонскиот уметник Атанас Ботев насловена “Спасување на сведоштвото. Изложбата претставува надоврзување на проектот Град започнат во 2012 како протестна реакција поттикната од уривањето на пероните на старата железничка станица. Ботев го документирал настанот правејќи фотографии од урнатините кои потоа ликовно ги преобликувал во серија на цртежи за првпат изложени во Мала станица во 2014 год. Со новите дела авторот го продлабочува концептот поигрувајќи се сликарски и графички со облиците доведувајќи ги на граница на апстракции.
Атанас Ботев е роден во Скопје. Дипломираал на ФЛУ во Скопје, 1997 а магистрира во 1999. Има реализирана бројни самостојни и групни изложби во земјава и во странство

Македонски

