
Изложбата „TECHNONEOLITH“ на Слободан Живковски, поставена во Галерија МКЦ, е отворена за посетители до 14 септември 2026 година.

Изложбата претставува авторски проект во кој Живковски ја истражува трансформацијата на секојдневниот потрошувачки отпад во уметнички објекти. Преку употреба на расклопена картонска амбалажа и интервенции со изразени акрилни бои, авторот отвора прашања поврзани со потрошувачкото општество, материјалната култура и начинот на кој предметите од секојдневието можат да добијат ново значење во уметнички контекст.

Македонски

