Skip to main content

Стотројка го објави „Alias in Wonderland“, дебитантскиот малбум на semism, соло проект на Семи Исмаили

Стотројка ослободува музика.

Со големо задоволство го претставуваме „Alias in Wonderland“, дебитантскиот малбум на semism, соло проект на Семи Исмаили од Тетово. Неговата музичка пракса подразбира контемплација и брзи прсти за кодирање во живо (live computing), користејќи софтвер, звук и процеси во реално време за создавање постојано променливи електронски пејсажи.

„Alias in Wonderland“ e патување низ хиперпросторот со брзина од 2222 километри на час, со кривини што водат право кон вртлогот. Времето и просторот постојано се поместуваат, а на крајот, или можеби на самиот почеток, секој патник добива свој псевдоним и пристап до земјата на чудата, простор што постои околу, внатре и надвор од ткивото на времето.


Поврзани вести