Skip to main content

Во „Буква“ промоција на книгата „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков

Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје денеска ќе биде промовирана поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков во издание на „Фуснота“.

Како што е најавено, промоторка на книгата е проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, главен уредник е Маја Којчева Величкова, лектурата е на Елизабета Коневска, дизајнот на корицата го изработи Мите Спасовски, а извадоци од романот ќе чита Светла Јакшиќ.

Книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Поврзани вести