Skip to main content

Велешки театар започна со пробите за „Затворенички“ во режија на Елеонора Теова

Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес вчера започнаа читачките проби за уште една претстава.

Се работи за претставата „Затворенички“ во режија на Елеонора Теова. Во претставата ќе играат Сандра Танчева, Јанка Лефкова и Димитрина Мицкоска. Костимограф на претставата ќе биде Катерина Чукниева, а сценографијата е на Филип Коруновски.

Претходно овој месец започнаа и пробите за претставата „Тестостерон“ во режија на Синиша Ефтимов.

Поврзани вести